Словенија во шок: Поранешен фудбалски репрезентативец ја убил сопругата пред очите на децата

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот словенечки фудбалски репрезентативец Роберт Певец (38) ја убил својата поранешна сопруга (33) во Дравоград, Словенија, недалеку од австриската граница, пишува словенечкиот портал svet24.si.

Певец и покрај забраната за приоѓање влегол во нејзината куќа и ѝ нанела тешки повреди, по што таа починала. Според словенечките медиуми, децата биле во куќата кога се случило злосторството.

Полицајците кои пристигнале на местото на настанот се обиделе да ѝ го спасат животот на 33-годишната жена, но залудно. Таа починала во болница од последиците од ударите и давењето.

Соседите рекоа дека никогаш немале проблеми со семејството и дека „се држеле на страна“. Каде се сега децата се уште не е утврдено.

Певец своевремено беше словенечки репрезентативец во тимови до 17, 20 и 21 година, а во кариерата настапуваше во својата земја и Австрија. Играше за Дравоград, Блајбург и Руден, а се пензионираше пред три години. Играше во средниот ред и своевремено беше еден од најголемите таленти на својата генерација.

Слични содржини