Случаи на коронавирус во тимот на Баерн Минхен

од Nikola Popovski

Фудбалерите на актуелниот европски првак Баерн Минхен, Леон Горецка и Хави Мартинез, се заразени со коронавирус и нема да конкурираат за настап на саботниот бундеслигашки натпревар против Хофенхајм.

Покрај Горецка и Мартинез, тренерот на актуелниот лидер во германското првенство Ханси Флик нема да може да смета за претстојниот дуел ниту на Корентин Толисо, поради повреда.

Баерн по 18 натпревари има 42 бодови, седум повеќе на врвот на табелата од второпласираниот Лајпциг, додека Хофенхајм е на 11 место со 22 бодови.

Слични содржини