Случаите „Траекторија“, „Талир 1“ и „Шпански скали“ ќе почнат од почеток

од Nikola Popovski

Откако денес Судскиот совет го разреши судијата Горан Бошевски, случаите „Талир 1“ „Траекторија“ и „Шпански скали“ ќе почнат од почеток.

Судскиот совет утврдил нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Резрешениот судија со решение веќе нема да суди, но има право на жалба пред Врховниот суд.  Тој е и времено е оддалечен од вршење на судиската функција односно до правосилност на одлуката од Советот.

Судењето за „Траекторија“, за кинеските автопати кое го водеше Бошевски, почна во декември 2017 година и се уште нема завршница. По две години од старт на судењето, застаре делото за Груевски кое го товареше за примање награда.

Случајот „Талир 1“ е за незаконско финансирање на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, а во него се обвинети Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески за злоупотреба на службената положба и овластувања и перење пари, додека Илија Димовски, Леко Ристоски и ВМРО-ДПМНЕ како правен субјект се обвинети само за перење пари.

Во случајот „Шпански скали“, покрај екс министерот Миле Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов. Веќе еднаш судењето се повтори поради заминување на судија поротник и тоа во фаза кога беа изведени скоро 400 материјални докази.

За сите три судски случаи, ќе следува нов судија.

Судскиот совет денеска избра нови претседатели на судови. Со Основниот суд Гостивар ќе шефува Елјеса Алији, Мерсим Марку е избран за претседател на судот во Дебар, Милица Аврамчева Зафирова ќе шефува во судот во Гевгелија, додека Лилјана Додевска е нова претседателка на судот во Свети Николе.

Слични содржини