Случај „Беливук“: За кого бил наменет куршумот од „браунинг“?

од Vladimir Zorba

Во тајната просторија на подземниот бункер на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, во вилата на смртта во Ритопек, полицијата пронашла авионски „браунинг“, пишуваат медиумите.

Според „Новости“, станува збор за тежок митралез, калибар 12,7 милиметри, кој прободува лесни оклопни возила. Јавноста беше информирана за постоењето на овој митралез, но не и за моделот на опасно оружје, потсетува весникот.

Покрај „браунинг“, пронајдена е и телескопски нишан за гаѓање на мета, изјавил изворот за Новости, додавајќи дека растојанието до кое можат да достигнат куршумите е до пет километри. Тој исто така тврди дека овој митралез главно се користи за прободување на лесни оклопни возила, како што се блиндирани автомобили.

Медиумите затоа заклучуваат дека постои сомневање дека т.н. „Кавачки клан“ предводен од Беливук и Миљковиќ, а како што се верува по наредба на Радоје Звицер, планирал атентат врз личност од самиот врв на српската држава.

Истрагата за групата Беливук, потсетува понатаму Новости, носи нови информации секој ден, па неодамна се дозна дека во тајна просторија, во близина на Белград, покрај арсенал оружје, била пронајдена и голема индустриска машина за мелење месо и коски.

Слични содржини