Случај Џулијан Асанж: Трамп понудил помилување на Асанж, доколку ја негира вмешаноста на Русија во изборите во САД во 2016 година?

од Nikola Popovski

Адвокатот Џулијан Асанж тврди дека претседателот Доналд Трамп му понудил помилување на основачот на Викиликс, доколку изјави дека Русија не била вклучена во откривањето на е-пошта за време на изборите во САД во 2016 година.

Понудата, наводно, ја доставил поранешниот републикански конгресмен, Дејн Рохрабахер.

Адвокатот на Асанж ги изјави овие обвиненија за време на претходното рочиште пред судот во Вестминстер, пред судот следната недела да донесе одлука за екстрадицијата на Асанж.

Белата куќа соопшти дека станува збор за „целосна измислица и лага“.

Пораките објавени од Викиликс пред претседателските избори во 2016 година содржеа поразителни детали за Демократската партија и, наводно, ги уништиле шансите на нејзината кандидатка, Хилари Клинтон.

Асанж претходно негираше дека го примил овој материјал од Кремљ, иако руското разузнавање е обвинето во Америка за вмешаност во случајот.

Судскиот процес следната недела ќе расправа за екстрадицијата на Асанж во Америка, за 18 обвиненија за претходно објавените дипломатски мејлови со информации.

Ако биде прогласен за виновен, тој би можел да биде осуден на максимални 175 години затвор.

Адвокатот на Асанж, Едвард Фицџералд, пред судот изјави дека има докази дека поранешниот конгресмен Рохрабахер изнел понуда за помилување.

Рохрабахер, познат по отворената поддршка за рускиот претседател Владимир Путин, ја посети еквадорската амбасада во Лондон, каде Асанж престојуваше од август 2017 година, изјави адвокатот.

Во тоа време, се сомневаше дека Русија стои зад срамните пораки на Демократскиот национален комитет објавени од Викиликс – иако Асанж негираше дека Русите биле вмешани.

Фицџералд рече дека тогашниот адвокат на Асанж, Џенифер Робинсон, најавил дека „Рохрабахерер ќе го види Асанж и ќе му рече, според упатствата на претседателот, дека нуди помилување или некој друг излез ако Асанж изјави дека Русија немала никаква врска со протечените информации“.

Слични содржини