Случај „Двојник“: Шест обвинети признаа вина за фалсификување пасоши

од Берта Китинска

Шест обвинети во случајот “Двојник” меѓу нив е и посредникот Раиф Мифтари на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје рекоа дека се чувствува виновни за делото и доброволно ја признаваат вината.

Од обвинетите 11 лица, десетмина вработени во Одделението за управни работи во МВР се товарат продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, додека посредникот Раиф Мифтари, кој е во бегство, е обвинет за поттикнување.

Според ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин, за кој претходно, министерот Оливер Спасовски посочи дека станува збор за избеганиот ексначалник на Петата управа во УБК, Горан Грујевски.
Обвинетите издавале пасоши бидејќи имале материјална корист, но во соопштението од обвинителството не се наведува по колку пари зеле за патните исправи.

Тие, според ОЈО Скопје, користеле идентитети на македонски државјани кои досега не ваделе македонски пасоши, а се иселени од земјава или од раѓање живеат во странство и никогаш не оствариле влез во Македонија.

Со податоците од овие лица и фотографија од осомничените странците кои ги добивале пасошите, обвинетите ги изработувале преку системот на МВР. Странците кои ги добивале патните исправи се лица кои се бараат со меѓународни потерници, но благодарение на македонските пасоши со туѓ идентитет тие можеле слободно да се движат.

„Тие баратели имале намера да ги употребат нелегалните македонски пасоши при премин на државни граници, легитимирајќи се со македонската патна исправа и прикривајќи го својот вистински идентитет“, велат од ОЈО Скопје.

Слични содржини