Случај „Еразмус“: Шуклев доби казна затвор од две години за примање поткуп

од Берта Китинска

Во Кривичниот Скопје суд денеска беше објавена пресудата за случајот „Еразмус“.

Првообвинетиот Шуклев доби казна затвор од две години за примање поткуп. Обвинетиот Драги Јанев за кој судот кажа дека исто како Шуклев барал сексуални услуги од студентки за да пише преодни оцени, осуден е на две години и шест месеци затвор. Професорот Славе Ристевски е исто така осуден на две години и шест месеци затвор. Условно осуден е и демонстраторот на Економскиот фекултет, Драган Денковски кој бил посредник меѓу студентите и професорите.

Како обвинител и како правник јас очекував дека денеска ќе биде донесена осудителна пресуда за сите обвинети.Доколку обвинителството немаше докази во овој случај за Сотојан Дебарлиев ќе се откажеше од кривичниот прогон во завршниот збор. Ќе го почекаме да го видиме писмениот исказ на судот за да согледаме кои околности се селдени.Па ќе биде поднесена жалба. По однос на казните исто така ќе почекаме да видиме судот кои олеснителни и отежителни околности ги следел при одредувањето на кзаната. Судот како олеснителна околност ја следел возраста на обвинетите, јас со ова не се согласувам бидејќи возраста не ги спречила тие да бараат сексуални услуги, изјави обвинителката.

Ослободен од обвинението е професорот Стојан Дебарлиев, кој судот го прогласи за невин. Професорите добија и забрана за вршење на дејност во траење од 10 години, а на Денковски во траење од пет години.

 

 

Слични содржини