Случај „Меѓународен сојуз“: Судењето се одложува за 3-ти март

од Nikola Popovski

Судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, се одложува за 3 март, на барање на надлежен јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа.

„Поради интерес на медиумите кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20, во јавноста познат како ‘Меѓународен сојуз’, ја информираме јавноста дека по барање на надлежниот јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа, судењето се одлага, за што веќе се известени странките во постапката. Следниот термин за продолжување на главната расправа е на 3.3.2021 година“, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Слични содржини