Случај „Организатори на 27 април“: Јанакиевски и Милевска разговарале дека „пред Собрание ќе биде топ“

од Nikola Popovski

Интегралното читање на пораките меѓу обвинетиот Миле Јанакиески и поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска, денеска беше презентирана на рочиштетотo за случајот „Организаторите на 27 април“.

Обвинителката Вилма Русковска ја читаше електронската комуникација во судницата, во која се зборува и за уметници од разни градови од државата. Обвинетиот Јанакиевски, во една од пораките до Канчевска, се жали за озвучувањето на еден протест пред Владата.

„Наведените лица се договарале Владо Јовановски, да се обрати на еден настан. Освен за Јовановски, тие се допишувале и дека на овие настани треба да се обратат познати лица и доктори. Разговорите на оваа тема се одвивале на 27 февруари 2017 година“, изјавила Русковска.

Дел од барањата на Милевска кон обвинетиот Јанакиевски, се и барањата за обезбедување на свирчиња и труби.

Слични разговори имало и после овој период, односно Канчевска, го информира обвинетиот Јанакиевски, дека пред Собрание ќе биде топ.

Во овој предмет обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директорот на УБК Владимир Атанасовски.

Слични содржини