Случај „Таргет-Тврдина“: Апелација ќе одлучува дали Мијалков ќе лежи 12 години затвор

од Берта Китинска

Во Апелациониот суд Скопје, почна јавната седница за жалбите поднесени од обвинетите Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и останатите обвинети за случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на масовното незаконско прислушување на стотина граѓани на Северна Македонија, во период од 2008 до 2015 година.

За овој случај Мијалков, од страна на првостепениот суд е казнет со казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Додека, обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, доби четири години казна затвор за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во „Таргет-Тврдина“ се обвинети 12 лица, меѓу нив се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и уште 10 други лица вработени во тајната полиција. Горан Грујевски и Никола Бошкоски се недостапни за судот откако избегаа во Грција.

Слични содржини