СЛУЧАЈ „ТОРТУРА“: Oслободителна пресуда за Mијалков и припадниците на Aлфите

од Берта Китинска

Судот донесе одлука да ги ослободи од обвинение поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“ поради немање јасни докази дека обвинетите сториле кривично дело  за случајот „Тортура“, кој се однесува на нечовечкото аспење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година.

Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков беа обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски-Пуки, и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гонеше за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Слични содржини