Случајот „Кутињо“ на пат да ја „разнесе“ соблекувалната на Барса

од Vladimir Zorba

Бразилскиот халф на Барселона, Филипе Кутињо беше многу блиску до дефиницијата „безобразен“ во синоќешниот натпревар со Леванте од Купот на Шпанија. Вчера сметаниот за најскапото засилување во историјата на Барселона (со оглед дека не е позната сумата платена за Нејмар – н.з.) ја загуби топката цели 17 пати и речиси ништо не му одеше, оставајќи впечаток дека игра без желба. Според радио „Cadena Cope“, цитирано од „AS“, ситуацијата со Бразилецот „се заканува да ја „разнесе“ соблекувалната на „лос кулес“.

Изненадувачки, помошникот на Ернесто Валверде, Јон Аспиасу, го постави Бразилецот под Усман Дембеле во хиерархијата на играта.

„Кутињо можеби не е на ниво од минатата сезона и Дембеле се позиционира малку повисоко“, рече помошникот минути пред дуелот на „Сиудад де Валенсија“.

Според „Cope“, агентите на Филипе контактирале со лидерите на клубот за да ја изразат својата огорченост на статусот „резерва“ на фудбалерот. Дел од првите лица на „Камп Ноу“, исто така, не разбираат зошто Кутињо не игра редовно. Трансферот на јужноамериканецот од Ливерпул беше проценет на 160 милиони евра.

Тренерот на каталонците, Ернесто Валверде, претпочита да користи трет одбранбен фудбалер во средниот ред – Артуро Видал или Артур. Во офанзивната тројка нема место за Кутињо поради Лионел Меси, Луис Суарез и Дембеле.
Валверде сепак тврди дека Кутињо е многу важен за тимот.

„Кутињо ни даде многу, ни дава многу и тој ќе ни даде многу“, изјави тој.

Сепак, честиот престој на клупата не му се допаѓа на играчот кој сака да биде третиран како ѕвезда. Дали тоа ќе го натера да побара нова средина, останува да видиме во периодот кој претстои.

Слични содржини