Слушнете ја новата песна на Дино Мерлин: „Ние“! (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Дино Мерлин вечерва го претстави првиот сингл „Ние“ од претстојниот нов албум. Тоа ќе биде дванаесетти студиски албум на овој кантавтор, прв по „Хотел Национал“ од 2014 година.

Иако синглот беше планиран за пролетта оваа година, епидемијата го одложува објавувањето на песната за некои подобри времиња.

„Со оглед на тоа дека подобрите времиња доаѓаат полека, животот продолжува, а пандемијата, се чини, нема намера брзо да замине, животот и „Ние“ треба да продолжиме понатаму. Животот не чека, така што „Ние“ нема да чекаме живот, треба да живееме и да работиме. Па така, пролетта за песната „Ние“ пристигна на крајот на октомври“, рече Дино Мерлин.

Слушнете ја новата песна на Дино подолу:

Слични содржини