Smart #3 на нови најавни фотографии

од Vladimir Zorba

Smart минатата година го претстави електричниот кросовер Smart #1, но наскоро доаѓа неговиот поголем брат Smart #3, чија премиера е закажана за следниот месец и на саемот за автомобили во Шангај.

Дотогаш, еве сет нови тизер фотографии од камуфлираното возило. Сепак, слики од целосно демаскирани примероци се појавија уште порано.

Како и Smart #1, новиот Smart #3 е заеднички проект помеѓу Mercedes и кинеската компанија Geely. Германците се одговорни за дизајнот, додека Кинезите се задолжени за платформата и производството.

Ова значи дека Smart #3, исто така, ја користи платформата Geely SEA, која е подолга, поширока и пониска од Smart #1.

Smart #3 е долг 4440 mm (Smart #1 е 4270 mm), додека меѓуоскиното растојание на Smart #3 е подолго за 35 mm.

Некои информации велат дека ќе има верзии со еден електромотор од 272 КС и два електромотори од 428 КС (последниот е спортска варијанта на Brabus). Засега се споменуваат батерии од 66 kWh.

Smart #3 ќе се појави на кинескиот пазар во јуни оваа година, а од 2024 година ќе се продава и во Европа.

Слични содржини