Смартфонот со дисплеј на преклопување на „Самсунг“ во продажба од март

од Vlatko K

Медиумите во Јужна Кореја откриваат интересни детали околу плановите на „Самсунг“ за
пазарната премиера на смартфонот со дисплеј на преклопување, кој беше прикажан минатата
недела.

Според нив, уредот ќе се појави во продажба во март заедно со верзијата на „Галакси Ес10“ со 5Г
можности. Се тврди дека промоцијата на „Ес10“ ќе биде во февруари, а „Галакси Еф“ и верзијата на
„Галакси Ес10“ со 5Г можности, најверојатно ќе бидат претставен во март. „Галаски Еф“ најверојатно
ќе биде демонстриран на мобилниот конгрес во февруари, пред официјалната премиера следниот
месец.

Се очекува уредот да има висока цена – експерти предвидуваат дека ќе чини околу 2 милиони вона
(1.560 евра), што може да ја ограничи значително продажбата.

Неодамна шефот на мобилниот бизнис на компанијата, Ди Џеј-ко изјави дека уредот ќе биде на
пазарот во првата половина на следната година и од него се планирани барем 1 милион парчиња.
Ова ќе биде само првата серија, а количината ќе се зголеми, ако уредот добие добар пазарен
прием

Слични содржини