Смедеревка и Розе на Тиквеш отсега и во полулитарска амбалажа

од Vladimir Zorba

Најпопуларните вина од сегментот на традиционални вина на винарницата Тиквеш, Смедеревка и Розе добија нова атрактивна амбалажа од 0,5 литри, а на љубителите на виното им се достапни на полиците на продажните места и во угостителските објекти од почетокот на месецов.

Со лансирањето на новата амбалажа на овие две вина, Тиквеш го збогатува веќе широкиот избор во својата палета, создавајќи нови навики во одговорната консумација на вината од оваа категорија, особено во топлите летни месеци.

Полулитарската амбалажа на омилените Смедеревка и Розе ќе ја зголеми нивната достапност, одговарајќи на современите трендови и на потребите и очекувањата на љубителите на вино во нашата земја.

Слични содржини