Смешен момент: Мурињо го прекина интервјуто на Роџерс (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Забавен момент беше интервјуто на менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс по натпреварот помеѓу англискиот тим и Рома на стадионот „Кинг Пауер“.

Додека стручњакот од Северна Ирска одговараше на прашања поврзани со натпреварот меѓу „лисиците“ и римските „волци“ (1:1), интервјуто на кратко го прекина тренерот на Рома, Жозе Мурињо. 59-годишниот Португалец низ насмевка изјави: „Ми го даде најдоброто вино на пазарот“.

Непосредно пред тоа, веднаш по последниот судиски знак на мечот, Мурињо и Роџерс, кои добро се познаваат, бидејќи Специјалниот има големо искуство во Премиер лигата, пријателски се прегрнаа демонстрирајќи ја својата прекрасна врска.

Слични содржини