Сметководителите ќе протестираат пред Владата

од Берта Китинска

Во вторник пред Владата ќе протестираат група сметководители.

Тие бараат прием од претставници на Владата и од претставници од сите институции задолжени за измените согласно нивните барања. Тие денеска побараа да се пролонгираат роковите за поднесување годишна сметка.

– Барањето на сметководителите за пролонгирање на роковите за доставување на даночните и финансиските извештаи доставено до Влада на РСМ на ден 18 јануари е изгубено низ бирократските лавиринти, исто како и реалната потреба и предлози за нов Закон за вршење сметководствени работи изминативе три години – велат сметководителите.

Протестот е закажан за 26 јануари, вторник, во 12 часот пред Владата.

Слични содржини