Смилевски: Aко Костовски е убеден дека ќе победи, ќе се откажеше од пратеничко место

од Берта Китинска

Не е моја карактеристика да се споредувам, со дела покaжав што значи грижа за сите граѓани на Општина Бутел, општина на мултукултурализам во која се остварија низа капитални проекти кои беа не само важни, туку неопходни за граѓаните. Затоа, разликата е неопислива, делата зборуваат сами за себе. Во изминатите години Општина Бутел беше заборавена, денес за кратко време изработени се над 250 проекти кои носат корист за граѓаните, вели во разговор за „Локално“, градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

-За мене како градоначалник нема разлика меѓу Македонец, Албанец, Турчин, Бошњак, Србин. Додека претходниците правеа разлики и раскол меѓу граѓаните, јас секојдневно, со мојот тим работев посветено, транспарентно на кохезија и проекти кои значат подобар живот за сите, објаснува градоначалникот на Општина Бутел.

Смилевски  за својот ривал од ВМРО-ДПМНЕ , Дарко Костовски вели дека „не е убеден дека ќе победи“.

-Самиот Костовски не е убеден дека ќе победи, ако беше убеден дека ќе победи ќе се откажеше од пратеничко место. Овој аргугмент кажува се’, смета актуелниот градоначалник.

Според него Бутел во последниве  години  е општина што најбрзо се развила во Скопје, додовајќи дека за тоа сведочат над 250 проекти  кои се остварени како:

-Не можам да издвојам еден бидејќи  ги има многу. Остваривме над 250 проекти.

– После 60 години ќе се гради нова амбуланта.

– Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош обебедивме брз излез на скопската обиколница.

–  Реконструирани се средните училишта Арсениј Јавков и Зеф Љуш Марку.

– Обезбедени се прочистувачи за воздух за скеоја училница во О. Бутел.

– Подигнати се над 73 илјади метри квадратни зелени паркови површини

Затоа Бутел покажа дека најбрзо се развива, фактите зборуваат сами, затоа со СДСМ имаме најдобра понуда за Бутел, смета Смилевски.

Тој напоменува дека изминативе години забележан е економски раст од 30 отсто, во нагорна линија  кој е праволиниски во населбите Визбегово, Бутел и Радишани.

-Бутел ја градиме како ниска населба без градење на големи згради кои го узурпираат зеленилото во општината. Во Визбегово со помош на Владата изградивме канализација од  60 километри и инфрастркктура од над 11  километри. Тоа значи многу за бизнисот, тоа се подобри  услови за бизнисот, градиме улици за да сите сопственици на плацеви да имаат комуникација со главниот пат. Се изработуваат 11 блока во индустриската зона. Со новите дупови ќе можеме да функционираме без никакви проблеми, објаснува Смилевски додавајќи дека во тек е изградбата на новата градинката Свети Климент Охридски која е нужна потреба за граѓаните за тој дел од општината која се гради од средства обезбедени од Владата на РСМ.

Смилевски вели дека новиот здравствен дом покрај тоа што било ветување, станал негов главен приоритет.

-После 60 години ќе се гради нова амбуланта. ВМРО-ДПМНЕ буквално не направија буквално ништо во нивниот мандат. Останувам во соработка со соодветните министерствата и ќе дадам се од себе ова ветување да се оствари, подвлекува градоначалникот на Бутел.

За тоа кои ќе бидат најважни проекти на кои би се фокусирале доколку го освои новиот мандат, Смилевски вели дека ќе работи на решвање на горливиот проблем за нова атмосферска канализација каде настанува проблем поради  обилните дождови кои предизвикуваат поплави во домовите.

-За мене барањето на граѓаните е најважно, исто така сакаме да градиме, полициска, противпожарна станица како и културен дом. Тоа се ветувања кои сме спремни да ги оствариме, покажавме дека можеме, а ние можеме уште повеќе, вели тој.

Б.М.

Слични содржини