Смилевски: Општина Бутел има зголемување на приходите за 32 отсто за изминативе 2 години

од Vladimir Zorba

Градоначалникот Велимир Смилевски, во просториите на општинската зграда денеска ги презентираше реализираните проекти за изминативе две години во Општина Бутел.

Општината за изминативе 2 години (2018- 2019) има зголемување на приходот за 32% споредбено со (2016-2017). Ова зголемување се должи на зголемување на позитивната економска клима која допринесува до пораст на инвестициите и проширување на постоечки производствени капацитети, вели тој.

Со новите инвестиции зголемен е и бројот на новоотворени работни места, и допринесува за намалување на невработеноста и подобрување на квалитетот на живот на нашите жители.

Во рамките на своите активности за подобрување на сообраќајната инфраструктура на територијата на Општината, во изминативе две години реконструирани се 20 сервисни улици во 4 месни и урбани заедници, каде е поставен асфалт на вкупна површина од околу 13.000 квадратни метри во вредност од 21.929.164 денари

-Во продолжение, една од поважните инфраструктурни проекти е реконструкција и проширување на патот од Бутел до с. Љуботен со должина од 6 км.
Вредноста на овој проект изнесува 12.965,528,00 денари средтва финансирани од буџетот на општина Бутел и 10.987.736,00 одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, вели Смилевски.

Покрај набројаните инфраструктурни зафати Оштина Бутел го завршиле уредувањето, заштитата и регулација на оштетениот дел од речното корито на река Серава во должина од 170м1, при што се оформи каскадниот праг со вградување на бетон во површина од 21.305 м3 и вкупен износ од 6.846.991,00 ден.

– Општина Бутел има одлична соработка со Град Скопје за сите проекти што ни се од заеднички интерес. Континуирано работиме на решавање на инфраструктурните проблеми и имплементација на нови и подобрени решенија. каков што е примерот со „ Босна и Херцеговина“ чиј проект ќе ја поврзе со булевар Словенија и булевар Христијан Тодоровски Карпош со што значително ќе се намали сообраќајниот хаос и ќе се зголеми безбедноста, посочува градоналачникот.

Во однос на проектите со градот ги одвојува:

*Проширувањето на Христијан Тодоровски Карпош и изградба на атмосферска, фекална и водоводна мрежа со целосна подземна инсталација и преместување на постоечкаинсталација од гасовод

*Изградена е атмосферска канализација од улица Бутелска до булевар Христијан Тодоровски- Карпош

*Поврзувањето на булеварот Христијан Тодоровски – Карпош од крстосницата со улицата,,Натанаил Кучевишки,, до обиколницата.

*Изградена е нова водоводна, атмосферска и фекална мрежа на новореконструираната улица Александар Урдаревски која води кон Кучевишка Бара и кон гробиштата во Бутел

*Реализација на најголемиот инфраструктурен проект во индустриската зона Визбегово, а тоа е изградба на водовод и канализација.

Во делот на образование за период од две години се реализирани проекти со постигнати значајни резултати. Имено, покрај високиот процент на
оствареност на активностите за првите 2 години се реализирани и дополнителни активности кои биле планирани за реализација на подолг временски период, а имало можност за нивна предвремена реализација.

Подобрувањето на материјално техничките услови во детските градинки и основните училишта резултира со зголемено задоволство кај родителите и децата. Реализираните капитални инвестиции во реконструкции и снации во детските градинки се со износ од 16.200.000,00 денари. Покрај реализација на капитални инвестиции за нормално функционирање на воспитниот процес во детските градинките направена е и набавка на опрема во износ од 2.400.000,00 денари средства одвоени од буџетот на општина Бутел, посочува тој.

Реализираните капитални инвестиции во реконструкции и снации на сите седум основни училишта се во износ од 33.625.020,00 денари

– Покрај реализација на капитални инвестиции за нормално функционирање на воспитно образовниот процес направена е и набавка на опрема, нагледни, наставни средства во училиштата кои имаа недостиг. Големиот број на награди и признанија кои ги добиваат учениците, за нас се само дополнителен мотив за да вложуваме во нивното образование и условите. Средствата за набавка на опрема се одвоени од буџетот на општина Бутел во вредност од 3.763.595,00 денари, вели Смилевски.

Слични содржини