Смилевски: Убеден сум дека со крајот на мандатот ќе имаме висок процент на реализацијата од ветените проекти

од Vladimir Zorba

Велимир Смилевски, градоначалникот на скопската општина Бутел за 24 инфо вели дека реализацијата на планираното немало да биде успешна, доколу ја немал поддршката од жителите, централната власт и тимот со кој работи. За изминатите две години реализирани се повеќе проекти од инфраструктурата, комунални дејности, образование, социјална заштита и останати дејности каде што општината има надлежност. Политичкиот ангажман и дополнителните обврски, бараат големи и сериозни отстапки за штета на приватниот живот. За себе вели дека подолго време е дел од политиката и се надева дека во иднина ќе има повеќе време, кое ќе го искористи со семејството.

Што им ветувате на граѓаните за следниот период и дали ќе се кандидирате на следните избори?

– Во периодот кој следи предвидени се бројни проекти, кои во мементов можам да ги издвојам следните.Изградба на краците на улици во населба Визбегово ( крак од улица 3 до ново планираното училиште и крак од улица 4 и рехабилитација на улица 4 исто така во Визбегово.

Во план е изградба на решетки за регулирање на атмосферски води на Љуботенски пат и изградба на водоводна мрежа и  фекална канализација од улица 3 до новопроектираното училиште во с.Визбегово. За мене прво и најважно е да го исполниме веќе ветеното во периодот кои следи.

Убеден сум дека со крајот на мандатот ќе имаме висок процент на реализацијата од ветените проекти, а тоа ќе биде дополнителен мотив за да размислам за повторна кандитатура на следните избори.

Слични содржини