Смилевски: ВМРО-ДПМНЕ преку немилиот настан што му се случи на младо момче, сака да придобие политички поени

од Aleksandar Petrovski

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски со реакција по повод синоќешниот немил настан во кој околу 19.45 часот, на улицата „Александар Урдаревски“ малолетник бил физички нападнат од неколку лица, со остар предмет, при што се здобил со повреда. Тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, а потоа е пуштен на домашно лекување.

-Најостро го осудувам немилиот настан и му посакувам на младото момче побрзо опоравување.
Навистина е жално една ваква сериозна ситуација во која се очекува политичката партија ВМРО ДПМНЕ да биде конструктивна и да допринесе за заедничко решавање на вакви изолирани и немили настани дополнително да ги подгрева случувањата со единствена цел преку грбот на немилиот настан што му се случи на ова младо момче да придобие политички поени.
Напоменувам дека сторителите на немилиот настан се откриени од страна на полицијата и на истите им се поднесени соодветни пријави. Апелирам до сите граѓани на смиреност!

Слични содржини