Смислата за хумор ја одредува вашата интелигенција

од desk2

Доколку вашиот живот е нерамен пат, а вие сте возилото кое се движи по патот, тогаш вашата смисла за хумор е амортизер што ви помага при патувањето. Хуморот го прави полесно справувањето со непријатните ситуации кои тешко се решаваат.

Процесирањето на хуморот не е лесна задача. Тоа бара сложено размислување и повеќеслојно разбирање на ситуацијата. За да видите нешто комично во неинтересна ситуација, потребна ви е фантазија. Па следниот пат кога некој ќе ве нарече забавни, не треба да се чувствувате само добро, туку и паметно.

Исто така се смета дека црниот хумор е знак за повисока интелигенција. Овие шеги ви овозможуваат да ги гледате трагедиите малку „зачинети“. Се смета дека луѓето кои го разбираат и кои го создаваат црниот хумор, се многу поинтелигентни.

Вашата смисла за хумор е и доказ дека сте креативни. Овие две одлики се поврзани со вашата способност за замислување и творење. Научниците откриле дека забавните луѓе настојуваат да постигнат повеќе на скалата на креативноста.

Смислата за хумор е и показател за вашето психичко здравје. Едно истражување нашло поврзаност помеѓу хуморот и неговото влијание врз психичката состојба. Способноста да го цените хуморот е голем фактор кој ја одредува вашата добра емоционална состојба. Воглавно, смислата за хумор е одговорна за личниот развој, па смејте се за подобар и поисполнет живот.

Вашата смисла за хумор може да биде и причина за добриот имунитет. Научниците веруваат дека смислата за хумор има позитивно влијание врз имунолошкиот систем. Наводно, смеењето може да ја зголеми активноста на некои имунолошки клетки.

Слични содржини