СМРТОНОСЕН „ПРЕДИЗВИК“: Инфлуенсерка обвинета за поттикнување самоубиство

од Nikola Popovski

Италијанската полиција покрена обвинение за поттикнување самоубиство, против 46-годишна „инфлуенсерка“, по потекло од сицилијанскиот град Сиракуза, пишува „Фанпејџ“.

Полицијата реагираше откако жената објавила видео на социјалната мрежа Тикток во кое таа и уште едно лице ги „предизвикаа“ корисниците, како нив двајцата, да ги покријат носот и устата со самолеплива лента и со тоа да спречат дишење, така што можат да видат кој подолго ќе издржи без воздух.

Полицијата оценила дека овој потег е крајно опасен затоа што е достапен на најшироката публика, вклучително и малолетници кои се големи корисници на мрежата „Тикток“.

Во една порака, малолетно момче ѝ кажал на „инфлуенсерката“ дека е подготвен да се фрли низ балконот ако таа го поздрави лично.

Јавното мислење во Италија беше шокирано минатата недела од смртта на десетгодишно девојче од Неапол, кое, се претпоставува, починало додека учествуваше во сличен „предизвик“.

Откако полицијата изврши претрес во станот и го одзеде компјутерот на „инфлуенсерката“, откриени се десетици слични видео предизвици, кои и овозможија на жената „онлајн публика“ од 750.000 луѓе.

Слични содржини