Снајдер планира повторно да се активира

од Stefanija Kuzmanovska

Весли Снајдер, еден од најдобрите холандски фудбалери во последните две децении, планира да се реактивира една година откако ги закачи копачките на клин.

Снајдер, кој порано ги носеше дресовите на Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај, Ница и Ал Гарафа, според неговиот брат Џефри, започнал да тренира во локалниот клуб DOS Holand Strihte Bojs.

Џефри Снајдер е во одборот на клубот и додава дека неговиот брат работи напорно.

„Весли сака да изгуби неколку килограми и напорно работи. Тој вели дека тоа може да му даде поттик да заигра повторно. Не тренираше некое време. Тој сака да искуси како е да се врати на терените по некое време без фудбал. Се чини дека тој повторно ужива во сè“, вели Џефри Снајдер.

Минатата недела, за можното враќање на Снајдер зборуваше и техничкиот директор на Утрехт, Џорди Зуидам.

„Да бидам јасен, максимално подготвен Снајдер е многу интересен за Утрехт, но на него останува да одлучи за сè“, рече Зуидам.

Снајдер забележа 134 настапи во дресот на Холандија и постигна 31 гол.

Слични содржини