Снег на Стража, Маврово и Попова Шапка

од Stefanija Kuzmanovska

Врнежи од снег утринава има на планинскиот превој Стража, на Маврово и на Попова Шапка, информира јавното претпријатие „Македонија пат“.

Највисока снежна покривка од 10 сантиметри утрово е измерена на Попова Шапка и во Маврови Анови, а четири сантиметри се измерени во Лазарополе.

На останатите патишта низ државата, сообраќајот се одвива по влажни коловози.

Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Слични содржини