Снег во април

од Берта Китинска

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето во земјава ќе биде под влијание на влажен и студен воздушен бран и ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни, од над 25 литри на квадратен метар.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денов врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка.Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 3, а дневната од минус 2 до 6 степени.

Слични содржини