Снема струја во Белата куќа – Трамп: Ова сигурно беа разузнавачките служби

од desk2

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера имаше средба со група конгресмени во Белата куќа во врска со неговите разговор со Владимир Путин, при што за време на негово обраќање во Белата куќа на миг снема струја, токму кога зборуваше за разузнавачките служби.

– Ова сигурно беа разузнавачките служби, прокоментира на шега Трамп откако светлата повторно се запалија.

https://www.youtube.com/watch?v=nBd8GhePZCs

Тој на средбата изјави дека на самитот во Хелсинки направил грешка кога рекол дека „не гледа причина зошто Русија би се мешала“ во американските избори, иако американските разузнавачки служби тврдат дека тоа се случило.

Трамп рече и дека има апсолутна доверба во американските разузнавачки служби, кои го истражуваат мешањето на Русија во американските избори во 2016 година.

Слични содржини