Снежана Калеска – Ванчева: Ова однесување на ВМРО ДПМНЕ е политички аматеризам

На денешната прес конференција, Снежана Калеска-Ванчева ја искоментира изјавата на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој бара формирање на широка Влада, со оглед на неуспехот за решение на спорот со Бугарија, како и за Корона кризата.

На новинарско прашање, како ги коментира најавите за формирање на коалиција помеѓу ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците вели:

„Знаете, би рекла дека е навистина политички аматеризам кога во ситуација на потреба од сите капацитети да се во функција на борба против сериозна пандемија со која што се соочува целиот свет и кога е потребна крајна сериозност, да се изјавува и да се бара нешто што би рекла дека е неодговорност, но тоа всушност е одговорност на Мицкоски , бидејќи само тој може да биде толку несериозен.
Бара предвремени избори а бега од предвремените избори во Штип.

Ваквите изјави на Мицкоски всушност не доликуваат ниту на политичка дебата и веќе нема никакво ниво, ниту би рекла здрава логика да се дискутира било каков предлог кој што најчесто не опстојува ниту во текот на 24 часа.
Ова може да се каже дека е само уште едно блефирање и наместо тоа, Мицкоски треба да одговори што им кажал на Африм Гаши и Зијадин Села . Дали ќе го поништуваат Договорот од Преспа, дали тоа им го кажал? Им даде ли алтернативи за членството во НАТО? Дали им предложи идеолошкото обединување да го најдат во одбивањето да се даде поддршка на Законот за јазици? Му раскажа ли на Села што бараше на 27 април во Собранието? Тоа се тие прашања кои што мислам дека треба најпрво да ги продискутира со Африм Гаши и со Зијадин Села.“

Слични содржини