Снежна бура го зафати северниот дел на државата Њујорк

од Vladimir Zorba

Северните делови на американската сојузна држава Њујорк се покриени со снег, а подрачјето на градот Бафало е под снежна покривка дебела речиси два метри.

Обилниот снег се очекува да продолжи да паѓа до крајот на денот, објави Си-Ен-Ен.

Синоќа, нешто по 23 часот по локално време, Националната метеоролошка служба во Бафало издаде специјално временско предупредување за можни снежни врнежи придружени со бурни ветрови низ територијата на државата Њујорк.

Слични содржини