Снимајќи видео за на социјалните мрежи, со четирицикл оштетил сообраќаен знак

од Andreja Salpe

Седумнаесетгодишник од Гостивар доби две пријави од полицијата, откако во обид да сними видео за на социјалните мрежи оштети сообраќаен знак.

Тој попладнево е повикан во полиција и со него е извршен службен разговор во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар. За сторените прекршоци, подготвени се две пријави согласно Законот за возила.

Од СВР Тетово информираат дека го идентификувале и санкционирале лицето, кој управувајќи четирицикл на 4 април во близина на крстосницата на улиците ,,Живко Брајковски” и ,,101″ во Гостивар, преминува преку тротоарот и со четирициклот оштетува сообраќаен знак.

Видеото што беше објавено на социјалните мрежи наиде на реакции во јавноста.

Слични содржини