Снимен крадецот од Јанчиште, кој се маскирал со чаршав

од Vladimir Zorba

Осомничениот за кражба во локал во Јанчиште, кој бил маскиран со чаршав, бил откриен од тетовската полиција, откако бил снимен од камерата за видео надзор.

Кражбата се случила ноќта меѓу петокот и саботата.

– На 9 јануари во 8 часот, Д.С (30) од Јанчиште пријавил дека во објект кафе бар каде имало поставено и апарати за игри на среќа ноќта во период од 1.30 до 7.20 часот непознато лице извршило кражба во објектот. Прво отворил влезна врата, а потоа отворил еден од автоматите за игри на среќа. Од паричник поставен во апаратот одзел 67.140 денари, дел во евра и дел во денари – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Нешто подоцна околу 13 часот поради сомнение дека е извршител на кражбата приведен 45-годишно лице од истото село.

Слични содржини