Снимени последните моменти: Погледнете што вели убиента Амерканка пред да влезе во Конгресот! (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Ешли Бебит, беше убиена од полицијата при насилното влегување на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата на Конгресот во Вашингтон.

Пред да се случи немилот настан таа  објави видео на Фејсбук во кое вели:

“Одиме кон Капитол. Денес, тука се собраа приближно три милиони луѓе. Тука е морето од црвено-бело-сино, патриоти и Трамп. Беше прекрасно да се слуша претседателот како зборува. Сега одиме кон Конгресот. Повеќе од три милиони луѓе. Бог нека ја благослови Америка, “, рече Бебит, ветеран на американското воено воздухопловство.

Сите го видоа моментот кога Ешли Бебит беше застрелан откако беше завиена во американско знаме и скокна од прозорецот и се обиде да влезе во зградата.

Полицискиот службеник кој пукал во моментов е на отсуство, а случајот се испитува.

Ешли Бабит е една од четирите лица кои ги загубија своите животи како дел од налетот на Конгресот.

 

Слични содржини