Снимкa од апсење ја шокираше јавноста: Дали во Австралија ќе има исто сценарио како во САД? (видео)

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи е објавено видео од апсењето на тинејџер во Нов Јужен Велс, а на него се гледа како полицаец користи сила.

Поради тоа, овластувањата на тој полицаец се ограничени и против него се води истрага, пренесува „Гардијан“.

Еден од роднините на уапсениот млад човек, кој инаку е член на домородната заедница, објави дека бил во паркот, кој е оддалечен помалку од 100 метри од неговиот дом.

Според него, полицијата немала причина да го уапси.

На снимката се прикажани полицајци кои разговараат со група во која е вклучен и овој тинејџер, непосредно пред апсењето.

Полицаецот рекол: „Отворете ги ушите“, на што некој одговори: „Не мора да ги отворам ушите, ќе ти ја скршам вилицата, брат“.

Полицискиот полицаец потоа започнал да го апси младичот – го сопнал со ногата, така што тој паднал, а рацете му ги ставиле позади грб. Момчето ја удрило главата на подот од тули.

Снимката покажува дека се жали, а некој од групата е огорчен.

Роднина на младиот човек изјавил дека бил однесен во полициската станица пред да биде одведен во болница.

Доживеал модринки на рамото, исеченици на коленото, лицето и лактот, а забите му биле оштетени. За среќа, немал ништо скршено.

„Околу пет часот попладне, полицајците патролираа во Ворд Парк во Сара Хилс, а потоа разговарале со група тинејџери. 17-годишно момче, наводно, се заканувало кон полицискиот службеник пред да биде уапсено и однесено во полициската станица“, се вели во соопштението на полицијата.

Страв од поголеми последици

Австралија стравува дека овој случај би можел да ескалира, како што се случи во САД по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Пратеникот од Зелените, Дејвид Шубриџ, изјавил дека полицијата никогаш не би се однесувала вака кон бел тинејџер.

Пратеникот Дејв Шарма исто така изјави дека му е мака од вакви настани и дека со голем интерес го чека продолжувањето на истрагата.

Помошникот комесар, Мик Вилинг, изјавил дека е загрижен за тоа што го покажало видеото, а исто така е загрижен затоа што некој може ова да го искористи за да ја „запали јавноста“ и да направи нешто од оваа ситуација што не би требало да биде.

Слични содржини