Снимки од дронови откриваат како изгледа Загреб по земјотресот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Министерството за одбрана на Хрватска објави воздушни снимки на кои се гледа штетата претрпена во минатонеделниот силен земјотрес што го погоди Загреб и го направи голем дел од центарот на градот небезбеден.

Снимките од беспилотни воздушни системи и гео-радар спроведен од припадници на војската наземјата ќе помогне со цел откривање и поправка на подрачјата погодени од земјотресот.

Членови на оклопната механизирана бригада, предводени од командантот на воената разузнавачка компанија мајор Марио Маслов, се ангажирани во недела, 22 март 2020 година, каде што скоро 12 часа на ден ги снимаат областите погодени од земјотресот: Загреб, Медведеница и делови од Хрватско Загорје.

Слични содржини