Снимките од воздух најдобро го покажуваат потопот во Венеција (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Венеција и натаму е поплавена откако падна рекордна количина на дождови кои го погодија градот. Околу 70 отсто од територијата е потопена, а нивото на вода достигна 187 сантиметри што не се случило од 1966 година.

Снимките од воздух покажуваат од колкави размери се поплавите.

Каналите по кои Венеција е препознатлива се претворени во реки, а во многу објекти навлегла вода.

И покрај се, туристите и натаму во голем број го посетуваат Плоштадот Свети Марко и останатите значајни делови од градот.

„Штетата од поплавите кои ја погодија Венеција најверојатно ќе стигнат до стотина милиони евра“, соопшти градоначалникот Луиџи Бруњаро.
Базиликата Свети Марко претрпела сериозна штета, како и целиот град.

Венеција ја погоди вториот најголем бран плима во историјата, а поплавите однесоа и една жртва. Седумдесетгодишен маж го изгуби животот од струен удар кога се обидел да ја вклучи пумпата во својата поплавена куќа.

Слични содржини