Снопче: Бегството на Груевски и на Мијалков, не можеше да се случи без логистичка поддршка од МВР

од Берта Китинска

„Го прашувам Спасовски дали чувствува одговорност? Тој рече дека одговорноста е кај системот, сакаше да се амнестира себе си заборавајќи дека е главен одговорен за системот. Се поставува прашање кој го контролира системот? Треба да има политичка одговорност“, кажа денеска во своето образложение за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пратеникот Халил Снопче од Алијансата на Албанците додавајќи дека тоа што сега Мијалков е во притвор не е пречка да се дискутира за неговата интерпелацијата.

-Имавме и изјава од шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која се амнестира себе си префрлајќи ја вината во МВР и рече дека МВР ги има потребните информации. Во оваа држава имавме две спектакуларни бегства. Прво Груевски, а по него и Мијалков, без разлика што сега е во затвор. Нормално, никој не верува дека ова може да се случи без логистичка поддршка од МВР. Ние ги знаеме изјавите на министерот, тој ќе најде причини и ќе се амнестира. Меѓутоа, помеѓу неговите зборови и перцепцијата на граѓаните постои голем јаз односно никој не верува дека бегството е без логистичка поддршка од МВР, рече Снопче.

Слични содржини