Снуп Дог се извини за навредите упатени кон новинарка

од Vladimir Zorba

Раперот Снуп Дог се извини што упатил тирада навреди, во која се слуша како се заканува на презентер на „Ци-Би-Ес Њуз“ во врска со интервју за покојната кошаркарска sвезда Коби Брајант.

Избувнувањето на Снуп Дог на социјалните медиуми дојде по интервју, кое водителката на „Си-Би-Ес Дис Морнинг“, Гејл Кинг го направи со поранешната sвезда на ВНБА – Лиза Лесли, која потсети на обвинението за сексуална злоупотреба во 2003 година против Брајант.

– Две грешки не носат правилна одлука. Кога грешите, мора да го поправите тоа, рече Снуп Дог во видео на Инстаграм, извинувајќи се за неговиот испад.

Според раперот, тој дејствувал под влијание на емоциите, бидејќи бил лут на прашањата што ги поставила презентерката.

– Морав да ги направам работите поинаку – ме воспитаа многу подобро од тоа. Затоа, би сакал да ви се извинам јавно за јазикот што го користев,додаде раперот.

Снуп Дог рече дека чувствувал дека е потребно да го заштити својот пријател Брајант.

– Многу луѓе ме гледаат и ме сакаат … затоа сакам да им кажам дека секој пат кога ќе направите грешка, добро е да се извините. Се извинувам. Се надевам дека ќе можеме да седнеме и да разговараме приватно. Имајте убав ден, посочува хип-хоп легендата.

Слични содржини