Со 6 милиони денари ќе се истражува зошто некои пациенти имаат тешка клиничка слика на Ковид-19, а зошто кај други вирусот е безопасен

од Nikola Popovski

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информација за обезбедување на средства за купување на реагенси и потрошен лабораториски материјал за потребите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во износ од 6.000.000,00 денари.

Одобрените средства се наменети за проектот „Имуногенетски профил на пациенти со тешка клиничка слика на КОВИД-19“ кој ќе опфати анализа на најмалку 100 пациенти со тешка слика на болеста како и членови на нивни семејства и околу 1000 пациенти со прележан КОВИД–19 за да се дојде до одговори на повеќе прашања, од кои најважно е зошто кај некој луѓе таа поминува како безопасна, а кај други може да биде исклучително тешка и дури и фатална.

Слични содржини