Со 95 гласови „за“ усвоена Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Собранието попладнево ја усвои Резолуцијата поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за државните позиции во разговорите со Бугарија. Таа била изгласана со 95 гласови „за“ и еден воздржан.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски прв објави на социјалните мрежи.

-Во Собранието на Република Македонија на предлог ВМРО-ДПМНЕ усвоена декларација за македонските црвени линии кон Бугарија! Македонскиот јазик е македонски засебен различен од другите. Македонскиот народ има култура и историја на која може да се гордее и нема да дозволиме никој да ја оспорува, напиша Николовски.

Слични содржини