Со автомобилот удриле во животно по што излетале од патот, повредени две лица

од Берта Китинска

На 09.03.2022 во 22.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А3 Битола-Прилеп, патничко возило „опел“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(41) од Демир Хисар удрило во животно и излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, а со телесни повреди М.П.(65), и двете од Демир Хисар, констатирани во Клиничката болница во Битола, соопштија од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.

Слични содржини