СО ЏИП ВЛЕТА НА ПЛОШТАДОТ ВО КИЕВ: Возач уби двајца пешаци, а потоа удри во други возила (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Возач денеска влета со својот автомобил на плоштадот Независност во Киев, при што загинаа две лица.

Видеото објавено од полицијата покажува како џипот преминува на плоштадот, а потоа налетува на група пешаци и потоа продолжува кон улицата, каде удира во други возила.

Според украинските медиуми, автомобилот „покосил“ пет лица и оштетил уште четири возила.

Зад воланот се наоѓал 66-годишен старец, кој веднаш беше уапсен.

Во тек е истрага која треба да го открие мотивот за ова смртоносно возење.

Слични содржини