„Со дневната евтина тарифа на струјата, 64 милиони евра назад кај граѓаните за четири години“

од Берта Китинска

Точно пред четири години, беше донесена одлуката за воведување на дневната евтина тарифа на струјата секој работен ден од 14 до 16 часот, велат од СДСМ.

-Само со оваа мерка, годишно граѓаните заштедуваат околу 16 милиони евра, односно, за четири години тоа е заштеда од вкупно 64 милиони евра, пари кои останале во семејните буџети на граѓаните.Истовремено, Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ, оваа година донесоа законски измени за намалување на ДДВ на електрична енергија со што домаќинствата ги заштитивме од ценовни шокови, односно, од покачување на цената на електричната енергија.Повеќе пари во секое семејство, повисок животен стандард се врвните приоритети од кои не отстапуваме.Како одговорна партија, остануваме посветени на мерките и политиките кои носат повеќе пари кај граѓаните, соопштија од партијата.

Слични содржини