„Со изгореници се здобила сопственичката на станот“: МВР со детали за пожарот во Штип

од Берта Китинска

На 23.10.2022 во 19.25 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Широк дол“ во Штип настанал пожар во стан сопственост на П.Х.Н.(69) од Штип, при што со повреди во вид на изгореници се здобила сопственичката, која била пренесена во Клиничка болница-Штип, каде ѝ била укажана лекарска помош.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Штип. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип.

Слични содржини