Со комбиниран состав изгубивме од Ерменија и нема да напредуваме во Лига Б

од Nikola Popovski

Македонската фудбалска репрезентација остана во Ц-дивизијата во Лигата на нации и нема да напредува во вториот по квалитет сегмент во новото натпреварување, откако вечерва комбинираниот тим загуби од Ерменија на Кипар со 0-1 во последното коло во Лигата на нации.

Имавме посед и шанси во првото полувреме, а најрасположен за игра беше Александар Трајковски. Голманот Дамјан Шишковски еднаш не спаси во првиот дел, кога со одличен рефлекс го одбрани нашиот гол по ударот на Карапетјан. Во вториот дел игравме далеку послабо и ниту еднаш сериозно не го загрозивме противничкиот гол. На спротивната страна Ерменците ја искористија нашата лоша поставеност во дефанзива и преку поранешниот фудбалер на Вардар, Хофханес Хамбарѕумјан погодија за 1-0 во 55-тата минута. Хофханисијан имаше одлична шанса да зголеми на 2-0, но Шишковски повторно се истакна со одлична интервенција.

Овој пораз ја остави Македонија на второто место на табелата  со 9 бодови, два помалку од Ерменија.

Слични содржини