Со Куртовски проектите во Маврово и Ростуше не запираат, велат од СДСМ

од Nikola Popovski

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска се сретна со мештаните на Велебрдо, каде во изминативе 4 години се изврши реконструкција на локалниот пат, дел од канализациона мрежа и нова водоводна линија.

Мештаните на Велебрдо го изразија своето задоволство работата на кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски, информираат од СДСМ.

-Со Куртовски, Велебрдо ќе добие реконструкции на три селски улици, изградба на детски забавен парк, промена на главната водоводна линија и уредување на пат од месноста Нарид до месноста Требишка река, како и чистење и уредување на диви депонии. Со Куртовски проектите во Маврово и Ростуше не запираат, велат од владеачката партија.

Оваа општина доби нов лик, истакнуваат од СДСМ, со изградба на клучни проекти со кои овој крај се развива и решени бројни прашања на граѓаните.

-Маврово и Ростуше, како општина со Медат Куртовски како градоначалник, доживеа забрзан развој. Токму затоа Маврово и Ростуше е обединето во поддршката за Медат Куртовски, стои во партиското соопштение.

Слични содржини