Со лаги и манипулации никаде не се стигнува, му врати Петровска на Мицкоски

од Vladimir Zorba

„Зошто да го чекаме 12 април, како што вели Мицкоски. Најдобро е да зборуваме денеска, акцијата е веќе завршена. По 12 април треба да продолжиме со реформите во полицијата и нема да имаме време да се враќаме на прашања што техничкиот министер избегнал да ги одговори. Со лаги и манипулации никаде не се стигнува“, вели Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, цитирана од „360 степени“, како реакција на изјавата на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски од денешната прес-конференција во партиското седиште во која рече дека нејзините тврдења не се точни.

Станува збор за меѓународната акција, раководена од италијанското јавно обвинителство, за сузбивање шверц на кокаин, од кој дел требало да заврши во земјава.

Слични содржини