Со лажен тест на коронавирус сакал да отпатува од земјата, ќе треба да плати 2000 евра казна

од Nikola Popovski

Против 37-годишен скопјанец, кој се товари дека сторил кривично дело фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог.

На 25 јули, на Меѓународниот аеродром „Скопје“, обвинетиот употребил лажна исправа – фалсификувана медицинска потврда за негативен тест на SARS-CoV-2.

Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија, тој го употребил лажниот сертификат пред аеродромските власти.

Јавниот обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​

Слични содржини