Актуелно
Почетна / Сцена / Со месеци се шпекулираше дека е новата девојка на Бред Пит, а актерката конечно проговори за нивниот однос

Со месеци се шпекулираше дека е новата девојка на Бред Пит, а актерката конечно проговори за нивниот однос

Американската актерка и уметница Алаја Шоукет (31) конечно ја отвори душата и зборуваше за нејзината врска со холивудскиот заводник Бред Пит (56), со кого се дружеше во последните неколку месеци.

Имено, таа неодамна даде интервју за „Vulture“ во кое објасни дали е во врска со Пит.

– Ние не сме двојка, ние сме само пријатели – откри актерката и им ги затна устите на сите што мислеа дека се заедно.

Откри дека не сака да биде постојано следена од папараците, па рече:

– Сето ова е премногу за мене. Се чувствувам како да сум гола во училишниот ходник и сите ме гледаат.

Таа истакна дека била пријателка со Бред за време на самоизолацијата, но ништо не се случува меѓу нив освен пријателството, ниту, пак, тие развиле емоции во смисла на љубов.
Извор близок до нив рече дека тие се дружат многу, затоа што живеат близу еден до друг и дека нивните куќи се оддалечени само 10 минути, како и дека се запознале преку меѓусебни пријатели и дека веднаш станале блиски како пријатели.

loading...