Со најновата комбинација во јавноста, Ријана ги подели мислењата на јавноста (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Откако му откри на светот дека го чека своето прво дете со своето момче, раперот Асап Роки, Ријана веќе три и пол месеци не остава без здив со своите труднички модни изданија.

Додека некои се шокирани од нејзините бестрашни креации што ги носи во третиот триместар од бременоста, други со нетрпение ја очекуваат секоја нова креација на модната писта што таа се обидува да ја претстави под маската на позитивноста на телото.

Во своето последно јавно појавување, Ријана буквално блесна во кристална креација на Miu Miu од колекцијата есен/зима 2022. Имено, колекцијата изобилува со кратки здолништа со ремен и топови во ист стил. Самата Ријана реши храбро да се впушти во најголемиот моден хит меѓу познатите, кој често гордо го носи познатата манекенка Емили Ратајковски. Но, РиРи сепак мораше да работи малку повеќе за сето тоа да изгледа совршено со оглед на нејзината напредна бременост.

„Кога дознав дека сум бремена, си реков дека нема шанси да купувам трудничка облека. Жал ми е – премногу е забавно да се дотеруваш. Нема да дозволам таа забавна игра да престане само затоа што моето тело се менува“, изјави неодамна Ријана за Vogue за нејзиниот револуционерен пристап кон облекувањето во бременоста.

Слични содржини